Емина го избриша презимето на поранешниот сопруг

Емина го вратила моминското презиме Јаховиќ и повеќе не го користи на поранешниот сопруг, Сандал. Како што пренесуваат медиумите, пејачката неодамна на пријателите им испратила плик со покани за роденденот на својот син на кои се потпишала како Емина Јаховиќ.

Иако во Турција во последните десет години Емина се претставува како Сандал, по најавата за развод од Мустафа, таа решила да го избрише неговото презиме. Таа организирала журка во детска игротека во Истанбул, на која Мустафа не дошол, но му честитал роденден на синот преку социјалните мрежи.

 

Scroll to Top