Емина се јави од јахта по пишувањата дека се разведува

Медиумите на големо пишуваат за разводот меѓу Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, но пејачкиот пар сè уште не се огласи да ја каже вистината. Единствено што направи Емина е што објави фотографија на „Инстаграм“ под која напиша: „Мислам дека сите би требало да станат богати и славни и да прават сè за кое секогаш сонувале за да сфатат дека богатството и славата не гарантираат среќа“.