(Фото) Александра Пријовиќ пред пластичните операции

Главна вест во балканските медиуми деновиве е веридбата на пејачката Александра Пријовиќ и посинокот на Брена, Филип Живоиновиќ. Српскиот весник „Блиц“ објави фотографија од Алексанрда од пред десетина години, на која таа изгледа непрепознатливо.

Пејачката освен што е подебела, како да има сосема поинакви црти на лицето, па „Блиц“ заклучува дека фотката им става крај на шпекулациите дали Пријовиќ го корегирала ликот или не. Тие велат дека фотографијата е вистинска и дека до неа дошле кога го посетиле нејзиниот семеен дом.

Инаку, Александра и Филип се верија за Денот на вљубените на Флорида.

 

Scroll to Top