Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се породи пред десетина дена со својот син Лука. Таа денес се пофали дека веќе почнала да се шета со бебето, а сподели и фотографија на Инстаграм. По ова следеа лавина коментари од нејзините обожаватели.
Таа пред два дена објави фотографија на која вежба и дека веднаш почнала да се враќа во форма по породувањето. Ана се породи во приватна болница во Чикаго. Ова е прво дете кое го има во бракот со поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер.