Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ги импресионира сите со првите фотографии кои ги објави неколку дена по раѓањето. Само една недела откако се породи со синот Лука , таа на „Инстаграм“ стави две фотографии, на кои прави вежби, а нејзиното тело изгледа одлично.
Многумина од следбениците нејзини дури изразија сомневање дека кадрите се направени пред таа воопшто да забремени.