(Фото) Драган Чолиќ копија на братот Здравко

Малкумина знаат дека пејачот Здравко Чолиќ има брат, Драган. Драган не сака да се појавува во јавноста и ретко се фотографира со својот популарен брат. Драган живее во Белград, каде што држи ќебапчилница, а Здравко ја посетува секојпат кога е во градот.

Здравко и Драган се многу блиски. Поврзаноста меѓу браќата станала посилна по смртта на нивната мајка.

„За тоа се виновни родителите. Тие направија сè за да нè изведат Драган и мене на прав пат. Тие подеднакво се грижеа за двајцата, никогаш немаа омилен син“, рекол Здравко за „Стори“. „Татко ми ни го купи првиот грамофон, од него ја добив и првата гитара и сè од една плата зашто мајка ми не работеше.“

Според Здравко, Драган пред неколку години го откупил оригиналниот рецепт за прочуените сараевски ќебапчиња, а репептот му го продал сараевчанецот Хоџиќ, сопственик на една од најпосетувавите ќебапчилници во градот.

 

 

Scroll to Top