Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа предизвика низа реакции на социјалните мрежи кога објави фотографија од голема Албанија, територија на која се присвоени Косово и Метохија, но и делови од Северна Македонија, Црна Гора и од Грција.
„Ав – тох – тон, придавка (жител на некое место), роден таму наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напишала пејачката.
Британскиот новинар Сем Стрит остро реагирал на објавата на Липа, а во коментар го споменал и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Додека луѓето како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и не добиваат за тоа ништо освен критики, Дуа Липа седи во Лондон и објавува вакво нешто“, напишал Сем.
Тој им објаснил на Англичаните што претставува ова знаме.
„Објавата покажува дека таканаречената Албанија има присвоено делови од Србија, Грција, Северна Македонија и од Црна Гора. Потоа ја нарекува нација на мигранти или колонисти, што е прилично иронично за Албанка родена во Вестминстер“, напишал тој.
Објавата на пејачката предизвика многубројни негативни реакции поради искривувањето на историјата и практично повикува на нови терористички акти, пишуваат медиумите.