Пејачката Јелена Карлеуша се пофали на социјалните мрежи, како нејзиниот партнер Душко Тошиќ и подготвил вечера. Во деновите додека е во изолација, таа објави неколку фотографии на „Инстаграм“ од нејзиното семејство.
Душко подготви вечера за неа и нејзините ќерки, а Јелена ја искористи можноста да го слика ѝ да се пофали на „Инстаграм“. Фудбалерот подготви специјалитет посебно за неа, затоа што таа е вегетаријанец.
„Дневните таблоиди имаат поголеми маки од короната“, напишала таа под фотографијата, навестувајќи дека работите во бракот се одвиваат во посакуван правец, иако тоа не е желба за некои новинари.
Карлеуша минатата година се најде во центарот на внимание поради скандалот со Огњен Врањеш и провокативните фотографии кои излегоа во јавност.