(Фото) Душко Тошиќ ги остави Карлеуша и ќерките и замина за Кина

Сопругот на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, замина за Кина каде што ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Неговото заминување им падна тешко на неговите ќерки Атина и Ника Тошиќ, кои го испратија на аеродромот со солзи во очите, пишуваат српските медиуми.

За потсетување, Душко Тошиќ во претходните неколку месеци престојуваше во Србија, каде што тренираше со фудбалерите на Црвена Звезда. Неодамна на еден од тренинзите се случи инцидент во кој Тошиќ беше каменуван од страна на група хулигани.

За среќа, немаше повредени во инцидентот.

 

Scroll to Top