Српската фолк-ѕвезда Јелена Карлеуша викендов имаше настап во Сплит. На сцената пејачката се појави во жешки панталони, градник и проѕирни чизми. Таа на своите профили на социјалните мрежи објави неколку фотографии направени пред настапот, на што инстаграм-следбениците ѝ напишаа дека отсекогаш знаела како да ја разгори машката фантазија.
Според хрватските медиуми, Јелена воопшто не се штедела на сцената. Таа настапила пред околу 1000 луѓе и одржала концерт за кој уште долго ќе се зборува во Сплит. Фановите, пак, ѝ порачаа дека ја чекаат и во Загреб, на голем концерт.