(ФОТО ) Игор Карачиќ со семејството за Божиќ

Ракометарот на Вардар, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ, вчера заедно со семејството го прослави Божиќ во неговиот  Мостар. Тој сподели и фотографија на која е заедно со своите браќа,  Иван и Горан, внуците, снаата и родителите.

Вчера католиците го славеа Божиќ, а Игор во неодамнешното интервју за „Репортер“ ни откри дека, каде и да се, тој и неговите браќа, кои се спортисти и секој е на различна страна по светов, за празниците секогаш се собираат во семејната куќа на родителите.

Во меѓувреме, Игор Карачиќ се подготвува со хрватската репрезентација за претстојното Европско првенство во ракомет кое ќе се игра во јануари во Хрватска.

 

Scroll to Top