(Фото) Над 1.500 обожаватели пееја со Лепа Брена во Диселдорф

Во склоп на турнејата со име „Зар е важно дали се пева или пјева“, Лепа Брена во саботата вечерта настапи во Диселдорф и воодушеви повеќе од 1.500 фана!

Уште по првиот такт „Не давај да те крадат од мене“ беше јасно дека публиката целата песна „Зар е важно дали се пева или се пjева“ ја знае напамет!

Се нижеа стари и нови хитови, а клубот КО беше премал за сите што сакаа да ја чујат и видат Лепа Брена. Најсреќните 1.500 луѓе пееја и се веселеа со својата миленичка.

„Имаше многу радости, веселби, игри, среќа и позитивна енергија! Ја пеевме новата песна повеќе пати, што искрено ме израдува затоа што само тоа потврдува дека го погодивме вкусот на публиката“, изјави Брена по концертот.

Scroll to Top