(Фото) Наташа Беквалац во танга се разлади на базен во Тетово

Српската пејачка Наташа Беквалац пред неколку дена пееше во Тетово, но пред настап се разлади на базен во Тетово. Таа на Инстаграм објави слика во танга-бикини и го најави настапот, а потоа покажа и како се спрема за концертот.

Пејачката објави и слика со македонскиот шминкер и фризер Даниел Николовски, кој ја дотеруваше за настап. Наташа и Даниел соработуваат со години и тој секогаш се грижи за нејзиниот изглед пред настапите и снимањата во Македонија.

Пред настапот во Тетово, Наташа беше и во студиото на Дарко Димитров, со кого работи на нова песна.

Scroll to Top