(Фото) Падна кралот на кокаин во Нови Сад

Три часа бил блокиран еден дел од градот Нови Сад во Србија поради акцијата на српската полиција, која беше спроведена како дел од меѓународна акција во борбата против организираниот криминал. Во истата учествуваа безбедносно информативната агенција, во координација со Обвинителството за организиран криминал и полиција и обвинителството на Република Чешка. Членовите на криминална група кои се сомничат за трговија со кокаин беа уапсени и во Нови Сад и во Прага.

Поради постоење на основно сомнение дека сториле кривично дело, здружување и вршење на кривични дела и неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, уапсени се Радосав Цвијовиќ (63), од Нови Сад, а инаку државјанин на Црна Гора, неговиот зет Славко Павлов (40) и неговиот син Бранислав Цвијовиќ (39) исто така од Нови САД. Меѓу уапсените беа и Јосип Цапик (59), државјанин на Србија и Унгарија и Бранислав Бикиќ (45) државјанин на Србија и Чешка.

Scroll to Top