(Фото) Се ожени Алекса, победникот на „Ѕвездите на гранд“

Младиот српски пејач Алекса Перовиќ се ожени со Милица Пајчин, со која чека бебе. 21-годишниот Алекса и Милица не правеле свадба, туку склучиле цивилен брак во матично. Тој не носел костум, ниту Милица не носела венчаница, туку фармерки и маички на кои пишувало „младоженец“ и „невеста“.

Публиката го запозна Алекса кога учествуваше во музичкото шоу „Х-фактор“. Неколку години подоцна победи во „Ѕвездите на Гранд“.

Scroll to Top