И додека Аца Лукас и неговата девојка Бранислава Пашајлија, уживаат во љубовта која не ја кријат, па речиси секојдневно објавуваат заеднички фотки, ни на Соња Вуксановиќ не и иде лошо.
Ако се суди според фотките, таа се гледа дека ужива во излегувањата со пријателите, а во секси комбинациите покажува дека и тоа како добро се чувствува.

Но, изгледа дека Соња се води по она старото, дека кај жената во приватниот живот, вистинска промена е кога, прво ќе ја промени фризурата.
Соња токму тоа и го направи, па со новата боја на коса се пофали на Инстаграм.

И покрај големиот број на позитивни коментари и комплименти, имаше и такви кои не беа благонаклонети, па коментираа дека бојата на косата на Соња речиси е иста како онаа која ја има новата љубов на Лукас.

