(Фото) Српските ѕвезди во матурските денови

Иако денес се едни од најпознатите пејачи, актери и водители на целиот Балкан, тие некогаш биле скромни, обични средношколци и матуранти.

Српските медиуми неодамна објавија фотографии од познати личности и нивните фотографии од матурските прослави на кои тие се сосема природни и ретко кој би ги препознал.

Еден од нив е и пејачот Жељко Самарџиќ, кој своето средно образование го завршил во 1974 година. Интересно е тоа што тој во тоа време пеел на многу матурски прослави, па и на својата.

Директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, своето образование го има завршено во 1973 година, а на неговата фотографија дефинитивно никој не би го препознал денес.

Една од многуте кои можат да се пофалат со диплома од средно образование е и Цеца, која матурирала во 1991 година, а факултет никогаш не запишала.

Исто така и Лепа Брена има завршено средно образование, а нејзината фотографија изненади многумина, како и нејзиниот изглед, кој е речиси непроменет.

Таа матурирала во 1979 година.

Водителот Огнен Амиџиќ своето образование го завршил во гимназија во 1994 година, а потоа се запишал на факултетот за историја, но никогаш не дипломирал.

Scroll to Top