(Фото) Владо Калембер на дружење со бившата жена и нејзиното ново момче

Хрватскиот пејач Владо Калембер и неговата поранешна жена, виолончелистката Ана Руцнер, работат на нов заеднички проект во кој е вклучен и нејзиниот сегашен дечко, тапанарот Марко Дувњак. Ана на „Инстаграм“ објави заедничко видео од тројцата и музичарот Матеј Мештровиќ.

„Се подготвува нешто ново. Секогаш се прави нешто ново“, напиша таа.

Со ова Ана повторно покажа дека иако шест години не се во брак, таа и Владо и понатаму се пријатели, до толку што со нив се дружи и нејзиното момче. „Жал ми е што сме исклучок, посакувам да сме правило“, рече Владо за „24 часа“ уште во јули, кога зборуваше за неговиот однос со поранешната жена.

Ана, пак, неодамна првпат откри дека има нова љубов и се појави во јавноста со Матеј.

„Бев охрабрена да одам на првата прошетка по неколку недели карантин, и да, во многу убаво и пријатно друштво“, рече таа во мај, кога хрватските новинари ја сликаа со новото момче.

За потсетување, Ана и Владо го имаат 13-годишниот син Даријан.

Ана со Матеј
Scroll to Top