(ФОТО) Жељко Самарџиќ по 40 години брак ЈАВНО призна дека ја изневерил сопругата

Познатиот пејач откри дека сепак бил неверен во неговата емотивна врска со сопругата Маја.Жељко Самарџиќ и ден денешен важи за миленик меѓу жените. Популарниот пејач речиси 40 години, е во складен брак со сопругата Маја, со која има три ќерки.Иако не сакаше да говори за својот емотивен живот, Жељко призна дека сепак имало неверство во неговиот брак со Маја.

„Титаник е замислен и направен како брод кој може да одолее на сите бури, а сепак го уништи некоја санта мраз на првата пловидба. Маја и јас со децении пловиме и уживаме во тоа брачно пристаниште, иако морето не секогаш ни било наклонето. Имаше и бура и неверство, но за среќа, нашиот брод благодарение на добрата навигација, и разбирање, од кои е создаден, ги издржа сите предизвици оваа година“, изјави пејачот.

„Мојата Маја ми беше судена, а тоа го дознав и кгоа за прв пат ја погледнав. Имено, се запознавме на една од игранките во салата во средното економско школо во Мостар, каде настапував со својата група Февруарски бехари. Ја видов на бината и на прв поглед ми се допадна. Но, другарите ми говореа дека е брилијантен студен, и дека никој никогаш не ја видел со момче, дека со еден збор е неосвојива и дека немам никакви шанси кај неа, но едноставно морав да се запознаам со неа. И пријдов самоуверено, и и реков: „Ти ќе бидеш моја жена. Збунето ме погледна и низ насмевка изговори: Јас сум Маја. Така се почна“, раскажа Самарџиќ во една прилика.

Scroll to Top