(Фото) Жељко третпат го наполни „Сава центар“

Жељко Јоксимовиќ вчера во „Сава центар“ одржа уште еден во низата успешни концерти со име „Два света“. Во прашање е неговиот трет концерт, а поради големиот интерес, Жељко го чека и четврти, кој ќе се одржи на 28 декември на истото место и во исто време.

„Среќен сум поради тоа што луѓето доаѓаат во толкав број на нешто што не е толку комерцијално и драго ми е што повеќето луѓе на овој свет се група што сака нешто убаво“, изјави Жељко пред да излезе на бината.

„Секој концерт сам по себе си има своја специфичност. На 28 декември ќе ставиме точка на оваа програма, а в година ќе направиме нешто сосема поинакво“, открива Жељко.

Со оглед на тоа дека има огромен интерес, закажан е и четврти концерт, а Жељко открива дека на самата завршница ќе ја израдува публиката со многу подароци.

„Имаме и Дедо Мраз, имаме доста подароци. Драго ми е што успеавме тоа да го организираме и бев среќен кога слушнав дека многу мои фанови, луѓе, ќе дојдат да ме слушаат“, истакнува Жељко.

Малиот Коста, синот на Жељко, не беше на концертот, а Жељко откри дека е лут поради тоа, како и дека по празникот, со сопругата Јована планира да замине на одмор во некој потопол крај.

Да потсетиме, Жељко и Јована Јоксимовиќ на 2 октомври добија две ќеркички, близначките Ана и Срна, а нивниот постар брат Коста на минатиот концерт беше во центарот на вниманието кога од првиот ред на цел глас го довикуваше Жељко.

 

 

 

 

Scroll to Top