(ГАЛЕРИЈА) Скапата куќа на Беквалац празна

Српската пејачка Наташа Беквалац моментално поминува низ лош период од животот. Таа пред да се породи и пред да почнат проблемите со Лука Лазукиќ постојано споделуваше фотографии од домот во кој требаа да се преселат и да живеат заедно. Српските медиуми на големо пишуваа за нејзиниот имот во Ченеј, недалеку од Нови Сад.


Медиумите пренесуваат дека Беквалац вложила 200. 000 евра во овој имот и сега не може да оди таму поради наводните долгови на сопругот.


За ова прозборе и пиарот на Беквалац.
„Наташа поминува низ тежок период. Покрај тоа што се соочи со физичко малтретирање, секој ден со соочува со финансиски долгови.

Примаше вознемирувачки повици од луѓе на кои Лука им должи, а кои работеле на имотот. Наташа дозна дека нејзиниот сопруг ја исценирал кражбата, односно неплатените работници ги украле вредните работи. Наташа не работи од октомври и е во големи финансиски проблеми“, вели нејзиниот ПР.

Scroll to Top