Пејачката Гоца Тржан заедно со својот сопруг Радомир Новаковиќ ќе биде дел од ново реално шоу, кое ќе почне да се емитува од септември.
Пејачката вели дека сака да ѝ го претстави на јавноста својот начин на живеење и дека планира да ги сними секојдневните нејзини активности, вклучувајќи ги и моментите што ќе ги помине во спалната соба со сопругот.
„Емисијата не може да се нарече реална, затоа што ние сепак не сме семејството Кардашјан. Ким и Канје не одат на пазар и не готват ручек“, вели Гоца.
Таа вели дека дошла до ваква идеја затоа што има желба да зборува со колегите и луѓето од јавниот простор, за работи што веројатно досега никој не ја прашувале или мислеле дека тоа не е потребно и важно да го знаат за неа.
Пејачката откри дека таа ќе биде новото лице на телевизијата „К1“, каде ќе се емитува шоуто.
„За водителите знаеме само некои општи, биографски информации. Но, во мојата емисија ќе снимам сцени од мојот и животот на мојот сопруг. Ќе го прикажеме нашиот живот, нашиот дом, ќерка, пријатели, родители. Тоа нема да биде само серија. Тоа ќе биде нашиот живот“, вели Гоца.
Емисијата ќе се емитува секој ден, од понеделник до сабота, а Гоца в недела ќе ја води специјалната емисија во која со своите гости ќе разговара за сето тоа што ѝ се случувало во текот на неделата.
Гоца вели дека гледачите ќе може да следат разговори полни со радост и смеа, но понекогаш ќе има и по некоја солза и кавги.