„И повеќе од живот“ – Вељко по победата над Бугарот Јорданов

Синот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, оствари голема победа во Јагодина, во првиот професионален бокс меч, а судејќи според та што го објави на Инстаграм, очигледно е со кого ќе го прослави оваа важна победа и голем ден.

Вељко во втората рунда го нокаутирал Бугарот Јорданов, и оствари голема победа, иако на програмата требало да има уште четири рунди, од по четири минути.

Во куќата на Ражнатовиќ вечерва и тоа како се слави, а тој на Инстаграм по оваа значајна победа објави фотографија со својата нова девојка, кошаркарката Богдана Родиќ.

„И повеќе од живот“, напиша синот на Цеца.