„Инстаграм“ ги избриша сите фотографии на Северина со синот Александар

Општинскиот граѓански суд во Загреб на 22 февруари пресуди во корист на Милан Поповиќ, а со ваквата пресуда тој ја доби двојната битка што ја водеше со пејачката Северина за рамноправно родителство над синот Александар.

Но, покрај таа битка што ја водеше, Милан долго се бореше за приватноста на неговиот и синот на Северина, Александар. Поповиќ се залагаше за тоа пејачката малолетното дете да не го доведе во опасност со тоа што често го експонира на социјалните мрежи.

Во врска со тоа, „Инстаграм“ третпат на Северина ѝ ги избришаа сите слики со синот Александар!

Северина од тимот на „Инстаграм“ доби предупредување дека е пред блокирање поради тоа што секогаш повторно ги објавувала фотографиите со детето, а токму поради тоа на Милан Поповиќ со судската пресуда му е доделено правото самостојно да го застапува синот.

Поповиќ ќе се потруди максимално да го заштити синот по ова прашање, па ќе ја продолжи судската битка поради тоа што судските одлуки се тие што може да спречат да го доведат малолетното дете во опасност.

 

 

Scroll to Top