Инцидентите со Чолиќ и Кајмакоски предизвикаа немир кај српската естрада: „Далеку било, не дај боже“

Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ неодамна беше фрлена бомба, само неколку дена подоцна беше киднапиран македонскиот пејач кој живее во Србија, Даниел Кајмакоски. Овие настани предизвикаа загриженост кај фановите, но и естрадата во таа земја, пишуваат српските медиуми.

Додека полицијата и надлежните органи интензивно ги истражуваат околностите на двата инцидента, јавноста ги следи деталите, а некои од српските пејачи сега се соочуваат со страв, пришто во јавноста се отвори и темата за приватно обезбедување.

Mеѓу првите што реагираа беше пејачот Бане Мојиќевиќ, кој не го криеше својот шок.

„Ужасно е, искрено не се плашам за мојата безбедност, ниту за безбедноста на моето семејство, но ете, се случува, се надевам дека Даниел е добро“ рече Бане.

Прочитај го целиот текст на ЛИНКОТ

Scroll to Top