Како изгледала во младоста фрау Елза од „Жикина династија“

Весна Чипчиќ, нам најпозната по улогата на „фрау Елза“’ во филмот „Жикина династија“ и денес е една од најубавите српски актерки. Во едно скорешно интервју за „Блиц“ таа раскажала за своите почетоци, кога на 26 години го снимила филмот „Жежок ветар“, но им дала и црно-бели фотографии од младоста. Таа со својот шарм и талент и денес ја освојува публиката во регионот.

Од бракот со Александар Алач има две деца, ќерката Ања, која е актерка, и синот Иван.

„Децата ме исполнуваат бескрајно многу. Но, со иста страст и љубов сум му посветена и на актерството како на почетокот на кариерата. Мислам дека од тој аспект сум привилегирана“, изјавила во интервјуто.

Scroll to Top