Карлеуша ги избриша сите фотографии на „Инстаграм“

Јелена Карлеуша ги избриша сите фотографии од „Инстаграм“. Пејачката остави само две, но не објасни зошто го направила тоа. Многу од фановите и побараа објаснување, но досега не се огласи.

Карлеуша на „Инстаграм“ има повеќе од 2,4 милиони фанови и досега беше активна на социјалната мрежа. Фотографиите ги избриша само еден ден откако ѝ беше згаснат „Јутјуб“ каналот, од сопругот на познатиот текстописец Марина Туцаковиќ, Александар Фута Радуловиќ кој ја тужи за кршење на авторски права.

Карлеуша рече дека каналот повторно ќе го врати, но еден ден подоцна ги избриша сите фотографии од „Инстаграм“. За потсетување пејачката вакво нешто најавуваше уште пред три месеци.

„Планирам да влезам во медиумскиот андерграунд додека не излезе албумот што ќе го издадам во август“, рече Карлеуша за медиумите.

Многу светски ѕвезди, како Аријана Гранде и Тејлор Свифт ги избришаа објавите на нивните „Инстаграм“ страници пред објавувањето на новиот албум, па многмина мислат дека ова е само најава за нејзиниот нов албум кој треба да излезе за пет дена.

Scroll to Top