Карлеуша официјално потврди дека се разведува: Душко повеќе не нѐ гледа како семејство

Српската пејачка Јелена Карлеуша и официјалнo објави дека по 14 години брак се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ.

„Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Правните работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само плакнење уста за нашите животи, на што сум навикната. Сум преживеала сѐ, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. Со цел да се спречат неточни натписи, целиот имот е префрлен на нашите деца, а старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега“, објави Карлеуша

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Scroll to Top