Карлеуша се огласи по аферата со песната на Цеца која се најде во учебник за осмолетка

Во Србија деновиве главна тема се стиховите од песната на Светлана Цеца Ражнатовиќ кои завршиле во учебникот за основно школо, како пример за падеж вокатив.

По овој повод на својот Твитер налог се огласи и поп дивата, Јелена Карлеуша, која како и секогаш, без влакна на јазикот, брутално ја прокоментирала моменталната ситуација.

На цела јавност добро и е познат конфликтот на двете пејачки, па не е чудно што Карлеуша повторно ја нападна Цеца.

„Гледам дека се кренала прашина околу стиховите на песната на Цеца во учебникот. Морам да кажам дека не е проблем ако децата учат од модерна музика во Србија. Зошто треба да се срамиме од еден пејач? Но проблемот е ако пејачот е осуден криминалец и синоним за мрак. Тоа не може“, напишала Карлеуша.

Scroll to Top