Кеба ја блокираше Северина на „Инстаграм“

Пејачот Драган Кеба Којиќ и неговата сопруга Олја и ќерката Наташа ја блокираа нивната снаа Северина на „Инстаграм“. Во јавноста се шпекулира дека пејачката Северина и нејзиниот сопруг Игор ќе се разделат. Тие повеќе не живеат заедно и ги прекинаа сите контакти.

На социјалните мрежи веќе не објавуваат заеднички фотографии, а како главен виновник за тоа Игор го  посочи поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.

„Генералниот покровител на мојот брак од сигурни шумски извори е Милан“, напишал Игор, алудирајќи на натписите дека тој се разведува. Северина му одговори дека вистинските покровителите за сите нивни кавги и несогласувања се неговите родители Кеба и Олја.

По ваквите преписки, Кеба и Олја ја избришаа Северина од социјалните мрежи.

 

Scroll to Top