Кеба призна дека е виновен за сообраќајката во која прегази девојка

Пејачот Драган Којиќ – Кеба еден месец откако во Белград згази девојка на пешачки премин призна дека тој е виновен за сообраќајната незгода.  Тој го управувал автомобилот без возачка дозвола, која му била одземена неколку месеци претходно.

„Не сакам многу да зборувам за тоа. Сѐ е јасно како ден, јас сум виновен. Подготвен сум да ги сносам сите законски последици. Најважно е девојката да биде жива и здрава, да нема никакви проблеми. Што да правам? Се извинив и приватно и јавно на семејството, а ако прашувате дали сме во контакт, да, контактираме. Најтешко е кога имаш чувство на вина. Не сакам да бидам патетичен. Реагирав онака како што знаев во тој момент“, рекол Кеба.

Scroll to Top