Ќерката на Шабан сака од семејната куќа да направи музеј

Ќерката на фолк пејачот Шабан Шаулиќ, сака семејната куќа да ја претвори во музеј, пренесуваат српските медиуми. Илда почнала со рестарвацијата на куќата на нејзиниот починат татко во родното место Шабац.

Таа во чест на нејзиниот татко, планира местото да го претвори во музеј. Ваквиот потфат ќе ја чини Илда 2000 евра, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за недвижнина, за која Шабан бил многу врзан, а имотот го оставил во наследство на неговата ќерка.

Во куќата, односно идниот музеј, ќе биде изложено наследството на Шабан, од неговата долгогодишна успешна кариера. Музејот наводно би требало да биде отворен до крајот на годината.

Мина повеќе од година дена, откако кралот на народната музика го изгуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а во неговиот роден крај, жителите веќе од поодамна покренаа иницијатива, една од улиците да го носи неговото име.

Иако надлежните ја поддржаа оваа идеја и се чинеше дека нема никакви пречки за нејзина реализација, нешто подоцна дојде до проблеми и застој. На крајот се испостави дека нема да може да се реализира ваквата идеја, затоа што за многу од соседите на Шабан, тоа би чинело премногу.

Затоа тамошните жители се согласија Шаулиќ да добие свој музеј, пренесуваат тамошните медиуми.

 

Scroll to Top