Кога го донесоа во болница беше клинички мртов, нови детали за смртта на познатиот српскиот стилист и креатор Саша Видиќ

Познатиот моден креатор Саша Видиќ кој вчера беше примен во болница во тешка состојба, починал од сепса, рече извор близок до семејството.

„Иако не е направена обдукција, јасно е дека станува збор за сепса“, рече изворот.

За потсетување Видиќ беше донесен со итна помош во несвесна состојба и беше во многу тешка состојба.

„Лекарите реагираа одма и го приклучија на апарати. Кога беше донесен беше клинички мртов. Потоа сите се бореа за неговиот живот, но и покрај сите напори не успеаа да го спасат“, рече изворот.

Видиќ е роден во 1971 година во селото Млака во Хрватска. Извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изградил во главниот град на Србија.

Во својата долгогодишна кариера соработувал со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари.

 

Scroll to Top