„Кончита“ ги навреди Марија Шерифовиќ и Карлеуша

За настапот на Ненад Пагонис, кој во претходната емисија на шоуто „Твоето лице звучи познато“ ја имитира Кончита Вурст, се зборува со денови.

Кикбоксерот со изведбата ги надмина сите конкуренти, а на крајот остана со маичката со ликот на Никола Тесла.

Постапката на Ненад предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, особено меѓу јавните личности, а не останаа неми ниту Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, кои на „Твитер“ напишаа:

„Ако си професионалец и ако правиш некакво шоу, тогаш треба да го изведеш до крај. Од друга страна, сцената не е ни време ни место за да се изнесат некакви ставови за морални вредности“, изјави Марија во емисијата „Ексклузив“.

Од друга страна, коментарот на Ненад беше следниот:

„Тоа што Марија Шерифовиќ го вели за мене не ме интересира, јас неа ја почитувам како уметник и како добар пејач и ја почитувам нејзината определба и секој има право на тоа. Но, апсолутно не ме интересира што изјави Марија Шерифовиќ, ниту каков коментар напишала на „Твитер“. Не читам „Твитер“, ниту имам профил таму, така што апсолутно не ме интересира.

„Јелена Карлеуша е жена. Каква и да е, таа е жена и таа тоа гордо со себе го носи. И да е лезбејка, повторно ќе се облекува како женско и тоа е тоа“, изјави Ненад и со ваквиот коментар ја разбесна Карлеуша.

Јелена не му остана должна. Еве што таа му напиша:

Со оглед на тоа што во една од претходните емисии без проблем ја имитира Јелена Карлеуша, Ненад го коментира и овој настап.

Гледајте го неговиот настап за кој и понатаму сите зборуваат:

 

Scroll to Top