Лепа Брена требало да глуми во серијата „Подобар живот“

Лепа Брена требало да игра во прочуената улога на Нина Андреевиќ во серијата „Подобар живот“ на местото на Снежана Савиќ.

Пејачката сепак ја одбила ваквата понуда оправдувајќи се дека немала време за такво нешто.

„Тоа беше одамна и повеќе не се сеќавам кој сѐ ми се јави за да ми ја понуди улогата. Немав време за такво нешто. Снимањето можеше да трае и до две години. Тогаш бев преокупирана со настапи и турнеи на просторот на поранешна Југославија, но и светот. Снежана Савиќ е голем професионалец и маестрално ја одигра улогата. Мислам дека јас не би можела да го направат тоа што таа го изведе“, изјавила Брена.

Улогата на Нина Андреевиќ подоцна ја прослави Снежана Савиќ, која денеска е препознатлива токму по таа улога.

 

 

Scroll to Top