Лепа Брена: Уште го чувам костимот од „Ајде да се волимо“

Фолк-ѕвездата Лепа Брена, неодамна во едно интервју зборуваше за својот сопруг, неговиот начин на облекување, но и за тоа што прави со сите работи што ги има во гардероберот.

„Што правите со работите што сте ги носеле? Дали ги чувате за да Ве потсетуваат на некој одреден период или ги имате раздадено?

„Единствено што ми останало во животот се костимите од хитот „Ајде да се волимо“ каде баш пред некој ден ги облеков и снимав нов спот. Да се влезе во фустан од пред 30 години е ремек-дело за секој. Јас сите мои работи ги подарувам на своите другарки, пријателки, а особено на екипата со која работам во фирмата. Кога имате многу вработени, секогаш има место каде може да заврши таа гардероба. Моите момци ги подаруваат на своите другари и, се разбира, добар дел завршува и во нашите хуманитарни организации, како Црвен крст, и во разни институции за деца без старатели.

„Сега сте новата Брена, сериозна со таа фризура. 

„Само сакав да бидам поинаква, а јас сум секогаш сериозна“.

„Дали влијаете на сопругот кога е во прашање облекувањето?

„Не, нему не може да му се влијае во никоја смисла. Тој е човек што има свои стандарди. Сака многу удобна гардероба, спортска, комфорна, широка. Тоа главно мора да биде висококвалитетен памук. Не е некаков миленик на свилата. Мислам дека е во право. Тоа му е најпаметно.

„Во која облека се чувствувате најкомфорно?“

Сите костими што ми се скроени, се направени од среќа. Тоа се правени костими и многу ми се удобни. Тие се шијат, се прават според моја мерка, така што можете да кренете рака и ништо нема да се подигне, помести. Професионални чорапи „капецио“, професионална долна облека исто „капецио“. И голем број од обувките се обидувам да ги направам за себе. Тоа што е убаво, што ни се допаѓа покрај излозите, е неудобно, тоа не е сценска облека. Јас одбивам да купам нешто кога имам снимање. Го носам само тоа што е професионално направено за мене“.

„Снимивте нов спот. Дали можете да откриете кога ќе излезе?

„Не може да дознаете и да сакате затоа што нема да ви кажам ништо. Да, само ќе кажам дека го снимивме.

Стефан неодамна изјави дека сте се го пофалиле за неговото пеење и дека сте рекле дека му се зголемува репертоарот. Дали се гордеете со него и каква кариера му посакувате?

„Она што сигурно сакам е Стефан да има многу добри и комерцијални песни. Мислам дека неговото време допрва доаѓа. Не може ништо да се направи ад хок за еден месец или два дена. Она што тој го поседува е стабилноста – ментална, духовна, физичка, психичка состојба, како сакате. Многу е трпелив, студиозен, не му е тешко да работи секој ден, да вежба, не му смета даден совет, што треба да направи, на кој начин. Мислам дека е на добар пат. Тој е едно дете што е многу нормално. Засега го покажа своето вистинско лице и со многу работа, труд и направени песни ќе го пронајде патот до публиката.

 

 

Scroll to Top