Српската пејачка Лепа Брена вели времето кое го минува дома додека е во карантин, го користи за медитација и играње тенис. Брена вели дека конечно има време кое може да си го посвети за себе си и да направи некои работи, за кои претходно, поради бројните концерти и патувања немала време.
„Секое утро вежбам и го засилувам телото и психата. Веднаш откако ќе станам ќе испијам кафе, ќе доручкувам нешто лесно и веднаш вежбам јога и медитација. Потоа се чувствувам како нова“, вели Брена.
Таа вели дека веќе неколку години вежба јога и дека посетувала часови во Белград.
„Кога ја научив техниката, сватив дека благодарение на јогата сега подобро дишам. Потребно е само да бидете трпеливи“, вели пејачката, која освен што вежба во каратнин, таа игра и тенис.
„Имаме маса за тенис, но секогаш само поминував покрај неа. Не ме интересираше. Не сватив дека сите момци дома се одлични во оваа игра. Боба и ден денес го има тоа чувство за тенис“, вели Брена.