Лепа Брена за 50.000 евра пеела на геј свадба во Палма де Мајорка

Српската пејачка Лепа Брена пеела на геј свадбата на Мајорка за 50.000 евра, пренесува Слободна Далмација.

Младоженецот од Белград, кој гради кариера на светската модна сцена, уште од мал е бил голем обожавател на Брена, пишува Мондо. Тојј и неговиот партнер, архитект од Хрватска, ја крунисале десетгодишната врска, при што не се штеделе за свадбената веселба па ја викнале да им пее Лепа Брена.

Балканската ѕвезда, која била придружувана од нејзиниот бенд, за настапот кој траел час и половина добила 30.000 евра, а за сите останати трошоци младенците потрошиле уште 20.000 евра.

Имено, тие со приватен авион ги испратиле Брена и бендот во Белград, а во Палма де Мајорка останале шест дена во хотел во кој ноќевање надвор од сезоната чини 500 евра. Според информациите од извори блиски до младенците, тие ја оставиле Брена да ги избира песните што ќе ги пее бидејќи ги сакаат сите нејзини хитови.

На свадбената веселба присуствувале членови на нивните семејства и пријатели од целиот свет, а за сите нив бил организиран разглед на градот и бројни други активности.

Scroll to Top