Глумицата Лидија Викичевиќ, која редовно ги следи реалните шоуа во Србија, не крие дека е шокирана од однесувањето на семејството Џогани, а најмногу е разочарана од Анабела Атијас. Таа за неа вели дека е ужасна мајка и дека жал ѝ е за нејзината ќерка Луна.
„Човек може да научи по нешто од што било, па така и од шоуто ‘Задруга’. Имам слободно време и интересно ми е да гледам. Сметам дека Анабела не требаше да влезе во шоуто, затоа што се покажа како лоша мајка. Жал ми е за Луна“, изјавила Вукичевиќ. Анабела претходно изјавила дека нејзината ќерка Луна добила алопеција, поради нејзиниот татко Гаги Ѓогани и чичко ѝ Џоле, а не поради неа. Ваквата изјава Лидија остро ја осудила, затоа што смета дека ваквите работи не треба да се откриваат пред милионскиот аудиториум.
„Тие работи не се откриваат јавно. Тоа е ужасно. Мислев дека целта на Анабела да влезе во шоуто е да ја спречи Луна да има интимни односи пред камерите. Кога Анабела изјави дека влегла во шоуто за да ‘се испере’ себеси, се шокирав. Каква мајка е таа? На Луна таму не ѝ се потребни ниту татко, ниту мајка, доволно мака ѝ приредија тие во животот. Сметам дека мајката ја одредува судбината на детето. Семејството пропаѓа кога мајката ќе ослабе, а не таткото“, изјавила Лидија за „Информер“.
„Оној момент кога мајката ќе потклекне, децата страдаат. Анабела во неколку наврати го прашала Гаги каде бил кога требало да ги плати трошоците за школување и операција. За разлика од неа, јас никогаш не сум го прашувала мојот поранешен сопруг такви работи. Ги презедов сите трошоци од истиот момент кога се разведов. Никогаш не барав од мојот поранешен партнер да ги гледа децата, да ги земе за јас да можам да одам на претстава. Тие некогаш беа зад сцената, некогаш во публиката, но постојано беа покрај мене“, изјавила Лидија.