Маја Николиќ: Сами ние дозволивме фрик ѕвезда како Дино Мерлин да ја полни нашата српска Арена

Дино Мерлин ги собори сите рекорди со продажбата на карти и за само неколку дена распродаде четири концерти во белградската Арена. Заедно со големиот број заинтересирани за неговите концерти има и такви кои покренаа петиција за да му се забрани влез во Србија.

Причината за тоа се неговите изјави за Србите кои тој подоцна ги демантираше, а сега и пејачката Маја Николиќ рече што мисли за Мерлин.

„Срам ми е во името на сите нас. Мислам дека најнеобразованиот слој во нашето друштво купи карти за неговите концерти. Наместо сите да потпишеме петиција да му се забрани влез во Србија, ние дозволуваме таква фрик ѕвезда да ја полни нашата Арена“, рече Маја и додаде:

„Човекот прво плукна на себе и на своите изјави. Мерлин прво нема достоинство штом доаѓа тука, а отворено повика на убивање на Срби. Ниту еден уметник не смее да биде обоен со омраза, иако сметам дека тој и не е уметник, затоа што стана славен со хитовите кои ги напиша за Весна Змијанац и Цеца Ражнатовиќ. Најголемите српски естрадни ѕвезди. Не можам да сфатам кого ние величиме, еден обичен одрон, кој за потсетување, е гадлив кон Србите, но, не и на српските пари“, рече Маја и додаде дека уште еден музичар од Србија, Александар Станимировиќ, од „Амадеус бенд“, е против концертите на Мерлин во Белград,

„Слушнав изјави од Ацо Амадеус дека Мерлин би требало да ни се извини во „Дневникот 2“. Можам да кажам дека сум горда што не има и нас со национална свест и достоинство, кои се гнасиме од таквите срмани изјави. Јас би го пуштила Мерлин да пее во Србија, но претходно да оди во Храмот Свети Сава, да се прекрсти три пати, да покаже три прста и да рече дека ја сака Србија“, рече Маја.

За потсетување, Дино Мерлин закажа четири концерти по ред во Белград за во ноември. Интересот е голем, а билетите за нив беа веднаш распродадени.

Но во Србија има и такви на кои им пречи музиката на Дино Мерлин, па на социјалните мрежи се појави петиција со која се бара да му се забрани на босанскиот изведувач да одржува концерти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

POGLEDAJ SLIKE

Scroll to Top