Мајката на Пријовиќ од кафанска пејачка до ѕвезда на Гранд

Фолк-пејачката Александра Пријовиќ талентот за пеење го наследила од мајка си Борка Михајловиќ. Борка долги години пеела, но најчесто во кафеани и во клубови.

Откако Александра потпишала договор со „Гранд продукција“, решила да ѝ помогне и на мајка си да си го оствари сонот, па денес Борка има договор со оваа продуцентска куќа. За нив снимила неколку песни, а често гостува и во нивните емисии.

Александра, пак, признала дека првиот контакт со публиката го имала кога ја придружувала мајка си на нејзините настапи.

„Како мала имав желба да видам како изгледа кога таа пее во клуб. Таа ќе ме земеше со себе, а откако ќе испееше неколку песни, ме враќаа дома. Потоа ме викаше да излезам на сцената со неа и да испеам песна-две јас. Во последно време, кога настапувам во Белград, јас ја викам да излезе на бината, па таа да испее неколку песни“, рекла Александра во едно скорешно интервју.

Scroll to Top