По пишувањата на медиумите дека текстописецот Марина Туцаковиќ има тумор и дека е оперирана, таа првпат се огласи јавно.
„Другари, медиуми, сите заедно… Да не доаѓате до погрешни инфромации, на овој начин и во оваа прилика се огласувам тука“, напиша Туцаковиќ и објави опширен статус каква е нејзината здравствена состојба.
Таа напиша дека продолжува понатаму, дека лекувањето ќе биде долго, но дека овие денови ѝ ја вратиле вербата во луѓето и дека дознала дека многу нејзини соработници ѝ се пријатели, а не само луѓе со кои работи.
„Не го сфаќам ова трагично. Кога им се случува на другите е страшно, ама кога ќе ви се случи вам, го прифаќате,“ стои во нејзината порака.