Ми рекоа дека станува збор за вирус кој се јавува кај деца, Саша Ковачевиќ за болеста со која се бореше месец дена

Саша Ковачевиќ минатиот месец помина неколку недели во болница, па сега отворено зборуваше за неговата здравствена состојба и како и како успеал да ја победи болеста низ целиот тој период. Пејачкот од неодамна се врати на работа, а во моментов е во Црна Гора на летна турнеја.

Новинарите го видоа во ресторан за брза храна, нешто што е нетипично за него, затоа што е познат како човек кој се храни здрави и се грижи за изгледот.

„Не знам навистина дали е ова брза храна. На брзата храна повеќе гледам како на нешто што може да се јаде дури и со нозе. Ова е ресторан во кој одев уште кога бев помлад, како дете, па ги сакам луѓето тука убавата храна. Не сум тип кој сега сака гламур, туку само храната и персоналот да се на ниво“, рече Саша.

Рече дека е многу приврзан за црногорското приморје бидејќи оттаму почнал со кариерата, па затоа и не сака баш да летува тука.

„Неодамна реков дека самите почетоци на мојата кариера се поврзани со црногорското приморје, со Херцег Нови, па затоа го сакам брегот, бидејќи има многу наши луѓе кои доаѓаат овде. Главно, нашите забави се феноменални. Добро ми е тука, особено откако ги објавив новите две песни“, додаде пејачот.

Неодамна поради здравствени проблеми ги откажа сите настапи и неколку недели помина во болница. Сега за прв пат откри со каков проблем се соочил и како се чувствува сега.

„Сигурно ослабев 5 килограми, но, важно е дека сегасе чувствувам многу добро. Мислам дека си ги вратив силите и поради тоа продолживме да правиме концерти и да имаме настапи. Дефинитивно не би настапувал ако почувствувам дека ми е лошо. Периодот помина и не сакам да се враќам на лошите работи, туку секогаш гледам во иднината. Не знам што беше, изгледа тоа што живееме со побрзо темпо и побрз живот си го носи своето. Во одреден момент веројатно настанува некаков стрес, кој е дополнителен тригер“, рече Саша и за прв пат откри со каков проблем се соочувал и какви тегоби имал.

„Вирусот како што ми рекоа лекарите го пренесуваат деца. Тој е нешто што не го ни регистрираат. Низ истото поминав и јас. Немав кашлица, температура, но нешто не беше во ред со крвната слика, па ме оставија во болница осум, девет дена и ми правеа разни тестови. Фала му на Бога, по сите тие анализи откривме што е тоа“, рече Ковачевиќ.

 

Scroll to Top