Милан Васиќ објави фотографија по сообраќајната несреќа

Српскиот актер Милан Васиќ пред неколку дена доживеа сообраќајна незгода кај белградската арена. Неговиот автомобил бил вклучен во верижен судир, а како што пишуваат српските медиуми, автомобилите се тркале по белградските улици. Васиќ поминал со мали повреди.

Тој објави фотографија преку која откри дека последиците по судирот не се страшни, но дека еден период ќе мора да носи Шанцова јака. Сега сум добро. Како можеше да биде, добро се заврши. Господ ме погледна, поточно сите нас во тој судир. Благодарам што се грижите“, напишал Васиќ.

Scroll to Top