Мира Шкориќ го фатила свршеникот гол со друг маж

Пред неколку месеци фолк-пејачката Мира Шкориќ се пофали дека има ново момче, бизнисмен од Германија. Таа на новинарите им раскажуваше дека е заљубена и дека едвај чека да се венчаат. Но, сега откри дека свадба нема да има, оти таа го фатила во кревет со друг маж. Пејачката отишла кај него без најава и се изненадила од тоа што го видела.

„Го фатив свршеникот во кревет со друг. Да имав пиштол ќе ги убиев и двајцата. Ваква срамота немам доживеано. Таа слика не можам да ја избришам од главата. Многу сум повредена. Ја изгубив вербата во љубовта“, рекла Мира.

Scroll to Top