Авторот на емисијата „САТ“, Мирко Алвировиќ, летово бил опериран од рак во Германија. Тој долго време ја криел болеста од јавноста, но медиумите деновиве открија дека 70-годишниот Мирко веќе шест месеци се лекува на институтот за онкологија и радиологија во Белград.
Алвировиќ неодамна ги посетил вработените во редакцијата на „САТ“, каде се подготвуваат нови емисии со совети за патување во регионот. Тие рекле дека изгледал лошо и дека полека, но тешко се справува со болеста.
Мирко е женет и има два сина, Младен и Момир. Според близок извор, семејството е постојано покрај него и тие му се најголемата поддршка во овие тешки месеци.