На Марина Туцаковиќ ѝ се слоши на аеродром

By

Текстописецот Марина Туцаковиќ замина на лекување во Германија само неколку дена откако беше пуштена на домашно лекување од Институтот за онкологија и радиологија во Белград. Таа со сопругот Александар и синот Милан вчера отпатува за Германија за да ја продолжи терапијата. Медиумите во Србија деновиве ја следат Туцаковиќ, па папараците ја фотографираа на аеродромот „Никола Тесла“. Според нив, на Туцаковиќ ѝ се слошило додека чекала да се качи на авион, но дека сепак за кусо време се смирила и заминала за Минхен.

Неодамна беше откриено дека Марина има рак и дека е оперирана во Белград, а во Минхен таа треба да го продолжи лекувањето. Иако долго ја криеше болеста, на крајот откри дека се справува со проблемите, дека е позитивна и дека добива огромна поддршка од колегите, не само од семејството и пријателите.

Ќе ви се допадне