Нада Топчагиќ место кај оџачарот, ѕвонела кај Ивица Дачиќ да ѝ донесе јаглен

Фолк-пејчката Нада Топчагиќ неодамна откри дека пред неколку години се посрамотила кога наместо да му се јави на оџачарот за да ѝ донесе јаглен, свртела кај српскиот министер Ивица Дачиќ. Таа раскажала дека нејзиниот пријател оџачар исто така се вика Ивица, па тука настанала забуната.

„Навистина ми требаше Ивица, кој е оџачар, и тргнав да му ѕвонам, но наместо него, по грешка го повикав министерот Ивица Дачиќ. Ивица е оџачар, ми го чисти пепелот и ми носи јаглен, а притоа е и многу евтин. Ѕвонам јас, на бројот ми се јави една жена, веројатно секретарка на Дачиќ. Па ми вели: ‘Надо, Ивица е во Брисел’. Се прашувам јас, како оџачарот во Брисел, па на мажот му велам: ‘Златко, го изгубивме нашиот Ивица, отишол во Брисел, веројатно некоја агенција го пронашла и го ангажирала да работи за нив’. Срамота… шоу“, раскажала пејачката.

Таа додала и дека дури по неколку дена сфатила дека се јавила кај министерот.

Scroll to Top