Српската фолк-пејачка Нада Топчагиќ секое лето го поминува на море во Црна Гора, каде има своја куќа, која, како што пишуваат медиумите, ја продавала во неколку наврати, но изгледа се откажала, бидејќи и годинава ужива во Тиват.
Пејачката во лето е на море, а во зима на планина во својата куќа.
Таа често го привлекува вниманието на јавноста и ја нарекуваат мајстор на скандалите, па така и овој пат. Нада открила дека својата домашна ракија секогаш им ја носи на колегите со кои е добра кога доаѓа во Белград.
„Испорачувам и продавам ракија и овошје од Тара. Скоро ме побара една колешка не сакам да ја именувам, бидејќи е постара жена, и ми рече: „Надо, копнеам за таа твоја ракија. Ако дојдеш порано, да ми донесеш две-три шишиња и нека седат во фрижидер, ќе си платам. Кога ќе го слушнам тоа ми доаѓа да и дадам ракија за џабе, бидејќи таа пие како луда. Тогаш ќе се сетам на трудот што го вложив, па плаќам“, раскажала Нада, која исто така рече дека себеси се смета за најголема ѕвезда на нашите простори и дека има покритие за тоа.
„Себеси се сметам за најголема ѕвезда на нашите простори и не сум скромна за тоа. Јас сум шоумен, ѕвездата мора да има се, а не само да застане и да пее. Пеев пред светот на настани низ Европа и јас седнав знаеш со какви ликови?! – За да ми позавидат многу луѓе, со оние што поседуваат градови. Тоа не ме искомплексира, ама треба да знаеш кој каква ѕвезда е. Барем да се почитуваме како што треба и се ќе биде во ред. Јас не сум пејачка која се кара со колешките, но ако ме измами некој, сигурно нема да ги покривам ушите и да молчам. Знам да се бранам, а работите секогаш знам да ги наречам според вистинското име“, изјавила Нада Топчагиќ.