Екстапанарот на хрватскиот бенд „Парни ваљак“, Дражен Шолц, е осуден на 4,5 години казна затвор. Тој на 22 септември 2017 година во Загреб, под дејство на алкохол и дрога, усмртил 34-годишен пешак и избегал од местото на несреќата.
Шолц, кој во Хрватска е прогласен за најдобриот тапанар во последните 25 години, пред судот изјави дека не се чувстува виновен, а дека во моментот на несреќата помислил дека некој фрлил торба на неговиот автомобил. По приведувањето, во крвта и урината, освен алкохол, се пронајдени и остатоци од кокаин. Освен затворска казна, Општинскиот кривичен суд во Загреб му изрече забрана за управување возило од сите категории во траење од 5 години, која почнува да тече по издржувањето на казната.
Шолц во својата долгогодишна карирера настапувал со култни бендови и музичари, како: „Парни ваљак“, „Прљаво казалиште“, Џибони, „Психомодо поп“ и други.